23/11/2024
Спорт

Општина Охрид со поддршка за новоформираниот градски кошаркарски клуб Охрид

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и претседателот на кошаркарската федерација на Република Северна Македонија, Перо Антиќ на денешната средба изразија голема благодарност до групата ентузијасти за формирањето на градскиот кошаркарски клуб Охрид и се обврзаа за обезбедување на помош за непречено функционирање на клубот.

Претседателот на КФСМ, Антиќ истакна дека е задоволен што постојат ентузијасти кои се борат да ја продолжат кошаркарската приказна во градот и што му овозможуваат на охриѓани повеќе спортски доживувања.

Градоначалникот Константин Георгиески, како голем љубител на спортот не себично ја истакна својата поддршка кон новоформираниот клуб и се обврза во скоро време да им обезбеди и финансиска помош.

Претставниците на клубот информираа дека ќе се посветат максимално со работа во младинските категории и охридските кошаркарски таленти, и чекор по чекор да  одат напред и од наредна година да се натпреваруваат во прва лига.