23/11/2024
Охрид

Општина: Постапката за јавна набавка е се уште во тек

Општина Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои:

„Врз основа на јавниот интерес во врска со Огласот за јавна набавка за Ангажирање на градежна механизација за спроведување на административно управни акти за рушење на дивоизградени објекти, кој Општина Охрид го објави на 28-ми јуни 2019 година, Ве информираме дека постапката за јавна набавка е се уште во тек.

Оваа постапка за јавна набавка, како и сите други, се спроведува согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019) и важечките подзаконски акти, а право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.

Во текот на вчерашниот ден од страна на Комисијата за јавната набавка во Општина Охрид беше извршено отворање на понудите. Следува евалуација на понудите, во која треба да се утврдат способностите на економските оператори и причини за исклучување од постапката. Доколку во текот на евалуацијата на понудите се утврди одреден судир на интереси, ќе се постапи согласно предвидените законски процедури.“ – стои во соопштението од Општина Охрид.