Општина Охрид донесе Решение за отстранување на времените објекти во автокампот „Градиште“
Општина Охрид донесе Решение за отстранување на времените објекти, во автокампот „Градиште“ откога при спроведениот вонреден инспекциски надзор на 15 автокамп приколки, затекнати беа бетонски подлоги, метални настрешници, целосно затворање на автокамп приколките со лим, дрво, алукобонд и водоотпорни гипс картон плочи. Исто така затекнати беа недозволени дрвени и метални конструкции и времени објекти, а на одредени локации и приклучоци за водоводна мрежа, канализациона мрежа и електрична енергија.
‼️Овие дејствија во автокампот „Градиште“ се надвор од сите одобрени проекти и законски прописи токму затоа Општина Охрид апелира, сопствениците сами да ги отстранат сите доградби и надградби на камп-приколките во спротивно во следниот период ќе бидат отстранети.
Општина Охрид и во следниот период ќе продолжи со спроведување на инспекциски контроли и во другите автокампови на крајбрежјето на Охридското Езеро.