Општина со апел да се отстранат пловните објекти од „Сараиште“ и „Канео“
Општина Охрид упатува апел до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас во „Сараиште“ и „Канео”, истите да ги отстранат во најбрз можен рок.
Пловните објекти треба да се отстранат заради тековно одржување, уредување и чистење на крајбрежјето во овој потег од општината.