Општинската организација на СДСМ Дебрца со нов Извршен одбор
Општинската организација на СДСМ –Дебарца, синоќа на изборна Конференција, по предлог на Претседателот на ОО на СДСМ, Зоран Ногачески, избра нов Извршен и Надзорен Одбор на општинската организација.
Како гостин на Конференцијата беше присутен членот на Извршниот одбор на СДСМ, Ѓоко Танаскоски.
Во своето обраќање до присутните Претседателот на ОО на СДСМ Дебарца во кратки црти ја презентира програмата на ОО СДСМ Дебарца, чија основна цел ќе биде Општинската организација да се врати на победничките патеки, со што ќе се даде придонес во создавањето на новиот победнички СДСМ.
Тимот со кои ќе работи на терен Претседателот го претстави како тим на спој на млади и искусни луѓе-интелектуална сила, кои се секојдневно меѓу граѓаните, ги препознаваат проблемите во општината и имаат решенија за истите. Со овој тим всушност се операционализира силната порака на новото раководство за отворање на партијата и за мобилизирање на младите како носители на новата енергија на партијата. Најави дека заедно со нив ќе работи транспарентно и одговорно, при што интересите на општината секогаш ќе бидат во прв план.
На Конференцијата свое обраќање имаше и Ѓоко Танаскоски кој ги запозна присутните со тековните активности на партијата на централно ниво. Им посака плодна и успешна работа, со која Дебарца ќе се врати на позицијата бастион на СДСМ.
Новиот состав на Извршниот одбор: Благојче Стојчески – дипл.економист, Игор Крцоски – ССС, Ана Аврамоска-студент на факултет за менаџмент на компјутерски системи, Даниела Мочароска-дипл.менаџер по осигурување, Радмила Филипоска-дипл.економист, Стојан Прензоски-дипл.правник, Диме Попоски – ССС, Ѓорѓи Стефаноски-ветеринарен лекар, Томислав Секулоски –дипл.економист, Горан Мајстороски – ССС, Даница Ѓуроска – ССС, Коле Донески – ССС, Гоце Стојаноски – ССС, Наташа Димоска – студент на економски факултет, Кристина Јорданоска –ССС, Горан Угриноски – ССС, Пере Настески – ССС, Благојче Петрески – ССС.
Новиот состав на Надзорниот одбор: Ѓурѓица Танаскоска- дипл.менаџер по туризам, Катерина Боческа –дипл.менаџер по осигурување, Никола Мартиноски –дипл.економист, Климе Сарафиноски –ветеринарен лекар и Данчо Ќулукоски-ССС.