Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид освежен со 11 нови искусни лица
На предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев, а со одлука на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, од партијата информираат дека Општинскиот комитет на партијата е освежен со 11 нови искусни лица кои се дел од општествениот живот со нивната професионалност и препознатливи со своите досегашни активности.
Составот е освежен со следните членови:
- Наум Јамандиев – Факултет за физичка кулура-Професор по физичка култура
- Марија Смилески – Филозовски факултет – дефектологија
- Климент Наумов – Докторант на Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, Туристички водич
- Даниела Ристова – Дипломиран филолог, професор по руски
- Грација Бакраческа – Доктор, стоматолог
- Горан Стојаноски – Актер
- Ана Димитрова – Дипломиран правник
- Ристе Јанкоски – Факултет за физичка кулура, Професор по физичка култура
- Горан Ѓоргиески – Економски факултет
- Методија Анѓелкоски – Дипломиран информатичар
- Антонио Раткушиноски – Економски факултет
Целта е што повеќе членови да бидат дел од креирањето на политиките, да се запознаат со активностите и да се вклучат во работата на партиските структури давајќи дополнителна енергија на останатите членови на општинскиот изборен штаб целосно подготвени за претстојните избори.