Организацијата НовАсном присуствуваше на собирот во Црквата „Св.Злата Мегленска“ во Соботско, Егејска Македонија
Организацијата НовАсном, денеска заедно со верниците Македонци од Егејска Македонија, на покана на Отец Царкљас беше присутна на собирот во Црквата „Св. Злата Мегленска“ во Соботско, Егејска Македонија. На собирот во чест на Света Злата Мегленска, според новиот календар, Отец Царкњас одржа литургија.
„Организацијата НовАсном рамо до рамо со Македонците од Егејска Македонија и од другите места од Македонија, имаше чест да присуствува на литургијата која се одржа во пријателски и срдечен амбиент.
Во комуникација со присутните Македонци од Егејскиот дел, организацијата НовАсном нагласи дека во континуитет ќе ги подржи напорите на Македонците од Егејскиот дел да си ги остварат своите основни човекови права и да се здружуваат во културни, јазични, политички и уметнички здруженија. Ова основно човеково право и право кое е втемелено во Договорот на ЕУ, член 2, и Европската конвенција за заштита на човековите права, сега не се почитува.
Наша задача е да ги охрабриме и да ги поттикниме нашите Македонци, да продолжат да се здружуваат во организирани здруженија преку кои, ќе ги остварат своите основни човекови права. За таа цел, организацијата НовАсном е подготвена да им помогне на сите забранети здруженија од Егејска Македонија, да си ги остварат своите основни човекови права и слободи со искрени, конкретни и целисходни насоки.
Борбата за остарување на основните човекови права и слободи е наша обврска, задача и цел преку кое остварување, ќе се подобри животот на Македонците во дел од Европската Унија.“ – стои во соопштението од НовАсном.
WebOhrid / 26.10.2022 / НовАсном