Основачко собрание на Локална акциона група – ЛАГ
Денеска во просториите на Општина Охрид се одржа основачкото собрание на Локална акциона група, ЛАГ, – Агро концепт, на коешто присуствуваа градоначалниците на Општина Охрид и Општина Дебрца, Јован Стојаноски и Зоран Ногачески, чинители на јавниот, граѓанскиот, невладиниот и бизнис секторот.
На основачкото собрание беа избрани Управниот и Надзорниот Одбор на ЛАГ-от, а за Претседател на оваа локална акциона група беше избрана Кристина Крлеска Деспотоска.
Водејќи се од концептот на кој е заснован ЛАГ-от, а кој се однесува на развој на руралните заедници преку вклучување на чинителите на јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот кој работи на територијата на општина Охрид и општина Дебрца се пристапи кон активности за основање на ЛАГ. Географскиот опсег на ЛАГ-от ги опфаќа руралните делови на територијата на двете општини. Целта на формирањето на ЛАГ-от е користење на средства од ЛЕАДЕР Програмата со кои би се финансирале активности во насока на развој на руралните заедници.