23/11/2024
Охрид

Основци од „Григор Прличев“ ја проследија претставата „Хокус покус, рециклирањето е во фокус“

На 29.10.2018. год (понеделник), учениците од одделенска настава при ОУ „Григор Прличев“ од Охрид имаа можност да ја проследат претставата „Хокус покус, рециклирањето е во фокус“. Имено, оваа претстава е дел од проект кој „Пакомак“ го реализира во соработка со магионичарот Кристијан Шопов.

Претставата беше проследена со огромно внимание од страна на учениците. Низ интересните трикови тие учеа за важноста на селектирањето и одржувањето на чистата животна средина. Начинот на кој таа беше реализирана допре до учениците, успешно ги пренесе ставовите и начелата за почиста животна средина, а истовремено тие уживаа во изведбата.