26/11/2024
Охрид

Основци од „Христо Узунов“ дел од манифестацијата „Ноември – месец на науката 2017“

Овој викенд се одржа манифестацијата „Ноември – месец на науката 2017“ за седмо, осмо и деветто одделение. На настанот, помеѓу учениците од целата држава учествуваа и ученици од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид.

Со свои проекти од областа на физиката, под менторство на наставничката Вера Зороска, се претставија дури 17 ученици и тоа: Надица Велјаноска, Мартин Ѓоргиев, Марија Јовева, Ивана Грданова, Евгенија Стојановска и Ивана Пројческа, од 9 одделение; Никола Гогов, Петар Гогов, Климент Дукоски, Маја Наумоска, Емилија Секулоска, Петар Бошалески, Андреј Толески, Елена Блажеска, Андреј Ангелоски, Антонела Новеска и Јана Ангелоска од 8 одделение. Секој експеримент беше од различна област, внимателно избран, изведен и објаснат!Најголема среќа да бидат наградени имаа учениците: Климент Дукоски, Антонела Новеска, Андреј Ангелоски и Ивана Грданова со трета награда, Елена Блажеска и Надица Велјаноска – втора награда и Маја Наумоска со прва награда!

Со награди од области на биологијата се закитија учениците Борче Исакоски (7 одд.) – втора награда, ментор Владо Андрески и Михаил Жупан (9 одд.) – прва награда, ментор Лиле Белева.

„Најважно од се е тоа што учениците уживаа во подготовките и презентацијата на проектите, во дружењето и новите познанства.Научија и многу други лекции поврзани не само со науката туку и со животот! Сакајте ги и учете ги природните науки-тие се патот до успехот и среќата!“– велат од ОУ „Христо Узунов“.