Основци од ОУ „Дебрца“ го реализираа проектот „Различни, а сепак исти“
Учениците од I до V одделение од ОУ „Дебрца“ денес го реализираа проектот „Различни, а сепак исти“.
Целта на проектот е кај учениците уште од најмала возраст да се развиваат вредностите за заедничко живеење, почитување на основните човекови права и слободи и расното и религиозното потекло на луѓето.
Во рамките на проектот денес учениците ги посетија „Шарената џамија“, во Тетово и црквата „Св.Спас“ и гробот на Гоце Делчев, во Скопје.
Општината Дебрца го помогна проектот со тоа што го обезбеди превозот за 112 ученици и нивните наставници.