27/11/2024
Охрид

Оштетена таблата на Здружението „Цар Борис III“

На 12.10.2022 година во СВР Охрид извршен е разговор со Г.И.(47) од Охрид, при што е констатирано е дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на рекламна табла со натпис „Цар Борис III“ поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид.

Во врска со делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консулатација со Јавен обвинител, СВР Охрид до здружението ќе испрати известување имајќи предвид дека согласно чл.243 ст.3 гонењето за делото се презема по приватна тужба.


WebOhrid / 13.10.2022 / СВР Охрид