Оштетени неколку возила од пад на дрво на „Македонски просветители“, Комисијата за проценка и отстранување на опасни дрвја на терен
Комисијата за проценка и отстранување на опасни дрвја, излезе да направи проценка на улицата „Македонски просветители“, каде од пад на дрво се оштетени неколку возила.
Исто така, комисијата ќе изврши проценка и за квалитетот на веќе постоечкиот дрворед долж улицата „Македонски просветители“. Доколку се процени дека постојат и други дрва кои претставуваат потенцијална опасност, истите во наредниот период ќе бидат отстранети, а на нивно место ќе бидат засадени нови и здрави дрвја, се со цел да се превенираат понатамошни немили настани.