Остварен телефонски разговор помеѓу премиерите на Република Македонија и на Република Грција, Заев и Ципрас
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска имаше 60 минутен телефонски разговор со Претседателот на Владата на Република Грција, Алексис Ципрас. Разговорот се реализираше помеѓу 14 и 15 часот, по македонско време.
За време на разговорот се дискутираше за преостанатите прашања и беа разгледани неколку идеи за решенија.
Во текот на утрешното претпладне ќе следува уште еден телефонски разговор.