23/11/2024
Дебрца

Остварена работна средба на министерот Фазлиу и градоначалникот Ногачески

Денес во работна посета на општина Дебрца беше Министерот за локална самоуправа Г-дин Сухејл Фазлиу со неговиот работен тим.

На средба со градоначалникот Ногачески разговараа за развојните можности и приоритети на општина Дебрца, тековните проекти, проблемите со кои се соочуваат и за идните предизвици, а во контекст на процесите на децентрализација и регионален развој.

Во село Волино Министерот, Директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи и Раководителот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска ја посетија реконструираната зграда на старото основно училиште.

Средствата за реконструкција , во висина од 2.464.926,00 денари, без ДДВ се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година, финансирање на проекти за развој на планските региони.


Старата училишна зграда во село Волино е изградена во далечната 1939 година и до 2013 година е користена како основно училиште. Генерации и генерации на ученици од Волино во неа го стекнале своето образование.

Од 2013 година кога се изгради новото училиште објектот е вон функција. Со реконструкцијата објектот ќе се пренамени во Центар на локалната заедница.

Во изјавата за медиумите Ногачески потенцираше дека освен овој проект, преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година беа изготвени технички документации ( проекти за инфраструктура и основни проекти ) за три локални патни правци ( село Мешеишта-село Волино, Млин Илинче-Црква Св. Илија, Мешеишта, село Злести-врска со регионален пат ) и за два патни правци за регионално поврзување на општина Дебрца и општина Струга ( доизградба на патните правци село Волино-село Мороишта и село Требеништа-село Мислешево