Освен наставниот кадар и администрацијата да биде ослободена од работните обврски во неделата после Нова година
Согласно Календарот за работни денови за учебната 2017/2018 година, од Министерството за образование и наука информираат дека до раководните лица на училиштата е доставена уште една препорака, односно појаснување, со кое се предвидува деновите што следуваат по новогодишните празници да бидат неработни и за административниот и услужниот кадар, работните обврски да започнат на 9 јануари, како што е случај и со наставниците.
Исто така, директорите треба да обезбедат услови за сменско работење за лицата кои се задолжени за безбедноста на објектите и имотот на училиштата, но и да организираат одмор за истите како замена за четирите работни саботи.