22/11/2024
Дебрца

Осветување на храмот „Св.Петка“ во Требеништа

На 01.10.2023 година, во Седумнаесеттата недела по Педесетница, и на празникот на Сите македонски светии, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на храмот „Преп. мч-чка Параскева (Петка) Римјанка“ во село Требеништа, општина Дебрца.

Храмот започна да се гради во 2014 година, по иницјатива на Слободан и Благоја Дуклески од с.Требеништа, како и со заложбите на Црковниот одбор од селото. Истиот се изгради со донациите на локалното население, на требенишката дијаспора, како и на сите добронамерни верници.

По осветувањето, беше отслужена и првата света Литургија во новоосветениот храм, а по завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.


WebOhrid / 01.10.2023 / Дебарско-кичевска епархија