Отежнато движење на влез и излез преку ГП Богородица поради пожар
Царинската управа ги известува граѓаните дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е отежнато движењето на излез и на влез во државата преку граничниот премин Богородица. Поради ова Царинската управа апелира до граѓаните да ги користат останатите гранични премини со Грција.
„Внимателно ги следиме состојбите, и навремено ќе ги информираме граѓаните кога преминот ќе биде ставен целосно во функција.“ – информираат од Царинската управа.
WebOhrid / 17.07.2024 / Царинска управа