23/11/2024
Охрид

Откажано и одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести во Охрид

„Со жалење ви соопштуваме дека за настанот за одбележување на светскиот ден на ретки болести во Охрид МОРА ДА ГО ОТКАЖЕМЕ по донесениот заклучок на денешната владина седница.

Се надеваме на ваше разбирање и уште еднаш ви благодариме што ги обоивте социјалните мрежи со боите на ретките болести“, стои во соопштението.

Во насока на натамошна соодветна превенција, Владата го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 27 февруари 2020 година, формиран врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство, и донесе заклучок да им се препорача на организаторите да ги откажат сите јавни собири до 6 март 2020 година.

Препораката на Владата се однесува на поголемите јавни собири кои се планирани во овој период, како што се Струмичкиот карневал, Карневалот „Прочка“ во Прилеп“ и сите слични. Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика. Истата препорака на Влада се одненсува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации.

Владата на Северна Македонија на денешната седница препорача сите организатори на други јавни настани своите одлуки да ги донесуваатврз основа на консултација и мислење на Комисијата за заразни болести.