Отслужена литургија за Томина недела во храмот „Пресвета Богородица“во Мелбурн, Австралија
На 15.04.2018 година, во неделата по Велигден – Томина недела, во храмот „Пресвета Богородица“ во Мелбурн, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Ефтим Бетински и Димче Ѓорѓиески, игуменот Гаврил и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.