Отслужена литургија за празникот Собор на Св. Јован Крстител
Денес кога го прославуваме празникот Собор на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован, во манастирот „Св. Јован Богослов“ Канео во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија.
Со литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештениците Љупчо Бакрачески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.