23/11/2024
Охрид

Отслужена пасхална вечерна богослужба – Второ Воскресение во катедралниот храм „Св. Софија“

На 05.05.2024 година, во Неделата на Воскресението Христово, во попладневните часови, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, според долгата традиција, беше отслужена пасхална вечерна богослужба – т.н. Второ Воскресение, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски, Игор Никовски и Александар Димоски, протоерејот Горан Ставрески, свештеникот Ѓорѓи Блажевски, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски.

На Вечерната богослужба, беше прочитано и предвиденото зачало од Евангелието според Јован на разни јазици.

По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј, заедно со свештенството, му го честитаа на верниот народ најрадосниот Празник над празниците – Воскресението Христово, а Митрополитот им подели на верниците по едно велигденско црвено јајце, симболот на Христовото Воскресение, и ги поздрави со древниот поздрав: Христос воскресе!

vtorovosk2024 1

vtorovosk2024 2

vtorovosk2024 3

vtorovosk2024 4

vtorovosk2024 5

vtorovosk2024 6

vtorovosk2024 7

vtorovosk2024 8

vtorovosk2024 9

vtorovosk2024 10

vtorovosk2024 11

vtorovosk2024 12

vtorovosk2024 13

vtorovosk2024 14

vtorovosk2024 15

vtorovosk2024 16

vtorovosk2024 17

vtorovosk2024 18

vtorovosk2024 19

vtorovosk2024 20

vtorovosk2024 21


WebOhrid / 05.05.2024 / Дебарско-кичевска епархија