Отслужена света архиерејска Литургија во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“
На 06.05.2024 година, во Понеделникот од Светлата седмица – Втор ден велигден, и денот кога го славиме споменот на светиот великомаченик Ѓорѓи Победоносец – Ѓурѓовден, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, протоерејот Горан Ставрески, свештеникот Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски.
По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светлата седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.
WebOhrid / 06.05.2024 / Дебарско-кичевска епархија