Отслужена света архиерејска Литургија во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник
На 10.11.2024 година, во Двесеттата недела по Педесетница и на празникот на св. мч-чка. Параскева Икониска и на св. Димитриј Ростовски, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Зворничко-тузлански г. Фотиј од Српската православна црква, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, Неговото Преосвештенство Епископот Шабачки г. Јеротеј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоереите Влада Јевтиќ и Горан Ставрески, свештениците Владимир Периќ и Марко Спасовски, еромонахот Никодим, протоѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Немања Спасојевиќ и ѓаконот Стефан Митровиќ.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.
На самиот крај, Митрополитот Фотиј се заблагодари на нашиот Митрополит Тимотеј за убавиот пречек и можноста да сослужуваат во Светиклиментовиот манастир, притоа истакнувајќи ја важноста на воспоставеното единство, важност која е од големо значење и за двете сестрински цркви и за двата братски народа.