Отслужена света архиерејска Литургија за празникот светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
На 30.09.2024 година, денот кога си спомнуваме на маченичките подвизи и славната смрт на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Александар Димоски, протоерејот Горан Ставрески, свештениците Љупчо Бакрачески и Роберт илијевски, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, ероѓаконот Јаков и ѓаконот Марко Спасовски.
Овој празничен ден ќе остане запомнет за ѓаконот Марко, кој од раката на Митрополитот Тимотеј беше ракоположен во свештенички чин.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.
WebOhrid / 30.09.2024 / Дебарско-кичевска епархија