Отслужена света архиерејска Литургија за празникот Воздвижение на чесниот Крст – Крстовден
На 27.09.2024 година, денот кога го прославуваме празникот Воздвижение на чесниот Крст – Крстовден, во храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Никодим, свештеникот Васил Михајлоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.
Пред почетокот на Литургијата беше изнесен насреде храмот чесниот и славен Крст, дрвото од кое изникна спасението на човековиот род.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа.
WebOhrid / 27.09.2024 / Дебарско-кичевска епархија