Отслужена света литургија во храмот „Св Петка“ во манастирот Св. Наум Охридски“
Денес на денот кога го прославуваме споменот на светата преподобномаченица Параскева и на светиот свештеномаченик Ермолај, во храмот „Св. Петка“ во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија. Со литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.
По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.