22/10/2024
Охрид

Отслужена света Литургија во капелата „Покров на Пресвета Богородица“

На 14.10.2024 година, денот кога го прославуваме празникот Покров на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во придружба на протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, зеде учество во богослужбата во манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ во Ѓунис, Р. Србија, а на која началстуваше Неговата Светост Патријархот Српски г. Порфириј, во сослужение на нашиот Архиепископ Охридски и Македонски г. Стефан, и повеќе архиереи и свештенослужители од двете цркви.

Со благослов на Митрополитот Тимотеј, свештеникот Роберт Илијевски отслужи света Литургија во капелата „Покров на Пресвета Богородица“ во Митрополитската резиденција во Охрид.

По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а во името на нашиот Митрополит Тимотеј, отец Роберт ја прочита беседата од Митрополитот упатена до верните чеда.

pokrov24 1

pokrov24 2

pokrov24 3

pokrov24 4

pokrov24 5

pokrov24 6

pokrov24 7

pokrov24 8

pokrov24 9


WebOhrid / 14.10.2024 / Дебарско-кичевска епархија