Отслужена света литургија за Томина недела
Денес, во Неделата на Антипасха – Томина недела, во храмот „Св. Никола“ во Долна Маала во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија. Со литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Сашо Ристески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.