Отворен 22. Меѓународен фестивал на поезијата „Денови на Наим“
Во присуство на многубројни поети од земјава и од странство, синоќа во Центарот за култура „Иљо Антевски-Смок“ во Тетово свечено беше отворено 22. издание на традиционалниот Меѓународен фестивал на поезијата „Денови на Наим“.
На отворањето, присутните ги поздрави министерот за култура Асаф Адеми, кој упати честитки до раководството за досегашниот постигнат успех и додаде дека Фестивалот, кој го носи името на големиот поет, писател и преведувач Наим Фрашери, е од особено значење за градот Тетово каде што во наредните денови ќе се чуе гласот на поетите и ќе се почувствува нивната инспирација.
„Посакувам уште многу успешни изданија на Фестивалот, а на присутните поети им пожелувам пријатен престој и успешно претставување на годинашното издание. Да се чуе гласот на поетите, да се почувствува поетската инспирација и да се прослават музите што во нашиот град Тетово имаме фестивал на поезијата “, порача министерот Адеми.
Годинашен лауреат на Фестивалот е Beat Brechbuhl.