23/11/2024
Охрид

Отворен час за петтоодделенците од ОУ „Григор Прличев“ на тема „Личноста во групата и општеството“

Учениците од петтите одделенија заедно со учителките: Биљана Иваноска, Валентина Трпческа, Нина Ристеска, Мимоза Трајческа и Радмила Лотеска при ОУ „Григор Прличев“ Охрид имаа отворен час по општество. На отворениот час на тема: Личноста во групата и општеството гостинка беше д-р Марина Цветаноска.

„Гостинката, која воедно е и родител на наша ученичка, на интересен начин им ги објасна причините за девијантното однесување, објаснуваше за социјализацијата на личноста и факторите за социјализација. Учениците со задоволство и поставуваа интересни прашања на докторката, на кои добиваа стручни одговори. Отворениот час беше успешно реализиран, учениците беа поттикнати да размислуваат на оваа тема од поинаков агол.“ – информираат од ОУ „Григор Прличев“.

Нејзините совети сигурно ќе бидат применети:

  • повеќе прошетки во природа,
  • возење велосипед, другарување,
  • секогаш да бидеме насмеани,
  • секогаш да бидеме љубезни,
  • одговорни и добронамерни,
  • а другарството да биде пред сè…