Отворен Меѓународниот карате турнир „Охрид Опен 2018“
Во СРЦ “Билјанини извори”, денес, започна меѓународниот карате турнир “Охрид Опен 2018”. На турнирот кој за прв пат се организира во Охрид учестуваат каратисти од Македонија, Србија, Албанија и Бугарија. Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, кој на учесниците и организаторите им посака успешен натпреварувачки ден.