Отворен повик за поддршка на Проекти за невладин сектор и други институции во регионот на Западен Балкан
Новоформираниот Фонд за Западен Балкан со седиште во Тирана, отвори втор повик за поддршка на проекти за навладин сектор и други институции во регионот на Западен Балкан. Целта е промоција на регионалната соработка и зајакнување на врските меѓу партнерите корисници на Фондот, преку споделување взаемни вредности меѓу граѓаните, граѓанското општество и невладиниот сектор, како и зајакнување на поврзаноста меѓу луѓето од регионот.
Области на кои треба да се однесуваат проектите:
1. Културна соработка (зајакнување на културниот идентитет и интер-културниот дијалог, итн.);
2. Образование и научна размена (промоција на регионални проекти, активности наменети за образовен развој, итн.)
3. Одржлив развој (регионална кохезија и поддршка на институционално партнерство во оддржлив економски развој, итн.).
Крајниот датум за аплицирање е на 13 декември 2018 година.
Максимален износ на грант е 12.000 евра.
Максимална временска рамка е 12 месеци.
Минимум потребен број партнери: три од три различни земји на Западен Балкан.
Ко-финансирање: 20% (апликанти, може in-kind) и 80% од Фондот.
Повеќе информации на следниот линк: http://westernbalkansfund.org/grants-projects/ .