Отворена канцеларија на пратеничката Жаклина Лазаревска за комуникација со граѓаните
Од утре во старата зграда на охридскиот пазар ќе биде отворена канцеларија за комуникација со граѓаните на пратеничката од Охрид, Жаклина Лазаревска.
„Оваа канцеларија е отворена од Собранието на Република Северна Македонија, а со цел во неа да остварувам средби со Вас за да ги слушнам Вашите идеи, предлози и проблеми.“ – вели пратеничката Лазаревска.
Канцеларијата ќе биде отворена секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот, а средбите ќе се закажуваат преку нејзината асистентка во канцеларијата.