22/11/2024
Охрид

Отворена полициска канцеларија во Пештани

Со цел зајакнување на партнерскиот однос со граѓаните, излегување во пресрет на нивните потреби од безбедносен карактер, навремено решавање на безбедносните предизвици и задржување на поволна безбедносна состојби посебно во екот на туристичката сезона, СВР Охрид отвори полициска канцеларија во населбата Пештани.

Полициската канцеларија се наоѓа во просториите на поранешната полициска станица веднаш до регионалниот пат кон „Св.Наум“ и е видливо означена, а ќе биде отворена секој ден во времето од 11 до 19 часот. Во овој временски интервал, граѓаните од Пештани и околните населени места како и туристите, ќе можат да остварат директен контакт со полициските службеници, да пријават идредени настани и ги остварат своите права и да добијат навремена и точна информација. Во овој период, полициски службеници ќе работаат и ќе преземаат мерки по соодветно изготвен план за покривање на целото подрачје додека во останатиот период од деноноќието, севкупните безбедносни мерки ќе се реализираат од останатите служби на СВР Охрид.