Отворено осмото издание на фестивалот „Вдиши театар“
Тесен беше просторот во предворјето на црквата Св.Софија да ги собере сите љубители на театарската игра, кои вчера дојдоа да „ВДИШАТ ТЕАТАР“ и бидат дел од отворањето на осмото издание на Аматерскиот театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“, кој како предвесник на охридското културно лето, во организација на Црвен крст Охрид, се реализира од 14-18 јуни во Охрид.
Блескав настап на театарската група на Црвен крст Охрид која ја изведе театарската претстава „БАРА“ во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц. Нашите млади, талентирани актери, на креативен и сликовит начин ги прикажаа животните судбини и предизвици на жртвите на еден систем со нарушени вредности, борбата на човекот со различни искушенија и неправди поминувајќи по тежок пат исполнет со очај и рамнодушност, лутајќи во лавиринтот на безнадежноста, во потрага за подобро утре и подобри ние.
Втората вечер од театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“, е резервиран за театарската претстава „БЕШЕ ТОА САМО ИГРА“ на театарската група на Црвен крст Суботица Србија, која е закажана за денес во 21 ч., во затворениот дел на предворјето на црквата Св.Софија.
Влезот за сите претстави е слободен.
WebOhrid / 15.06.2023 / Црвен крст Охрид