Отворено писмо: Ако има фер, демократски и без притисоци и закани Локални избори, очекувам пласман во вториот круг
За жал, поради прераната смрт на Градоначалникот на Охрид, Проф.Д-р Јован Стојаноски, ќе мора и Градот Охрид да оди на Локални Избори за избор на нов Градоначалник. Мегу првите најавив дека ке се кандидирам за Независен Кандидат, надпартиски со издржана програма која произлегува од потребите на граганите на Охрид, од самата потреба Охрид, како туристички, културен, духовен и во блиска иднина образовен центар во Р.Македонија, да има туризам 365 денови.
Програмата насловена ОХРИД НА ОХРИЃАНИ, е квалитетна програма и доколку има фер, демократски и пред се избори без притисоци, закани и уцени, длабоко сум убеден дека ќе се пласирам во вториот круг. Според, анкетите, високо котирам, за многумина е изненадување, но за мене и моите соработници какои електоратот тоа не е воопто никакво изненадување. Едноставно, на народот му е ,,преку глава од избори,, од партиски кандидати, од елитизми, граѓаните преферираат чесни, искрени и со визија кандидати. Лично сум космополит, градот Охрид е мал, сите се познаваме меѓусебно, истите ги препознаваат потенцијалните кандидати. Тоа ми дава за право да нотирам дека верувам во пласман во втор круг, бидејки овие избори ке бидат многу неизвесни и ќе решаваат 200 до 300 гласови. Сепак, тоа е предност и нека победи подобриот.“, истакнува во свјот допис, Демир Далип, кој најавува независна кандидатура за Градоначалник на Охрид.