22/11/2024
Охрид

ОУ„Григор Прличев“ – учесник на годинешниот настан „Speech4Teach – инспирација за едукација“

„Speech4Teach-инспирација за едукација“ – настан за наставници на кој училиштата од нашата земја имаа можност да ги покажат своите залагања за унапредување на наставниот процес преку своите Заедници за учење.

По втор пат на 01.11.2017 во Младинскиот културен центар – Скопје, Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ го организираше настанот во кој беше вклучено и ОУ „Григор Прличев“ од Охрид, со својата Заедница за учење, како едно од најдобрите четири училишта во нашата држава. Менторот на Заедницата за учење – Офелија Петреска, директорката на училиштето Силвија Мојсоска, како и претставници од заедницата, одделенските наставници: Славица Мојсоска, Маре Ѓорѓиоска, Николина Спасеска, Нина Ристеска, Весна Тодороска се претставија со постер презентации и развојни портфолија пред наставници, претставници од училиштата, образовни институции, родители, ученици и претставници од невладините организации кои работат во областа на образованието во нашата земја. На делот од саемскиот простор каде беше претставено училиштето, пред многуте присутни ги презентираа и споделија своите искуствата од свјата работа и работата на заедницата.

Заедницата за учење во ова училиште во изминатите две години успешно функционира благодарение на тимот инвентивни и креативни наставници во кој се вклучени и останатите членови: Елизабета Русеска, Валентина Трпческа, Мимоза Трајческа, Елизабета Билбилоска, Сузана Илоска, Јованка Нанеска, Мери Димзовска, Рената Башоска, Даниела Тупанческа, Фанче Наумоска, Даниела Митреска, Наташа Марковска и Ангела Дулеска – одделенски наставници.

Заедницата за учење во ОУ „Григор Прличев“ – како позитивна наставна практика и понатаму континуирано работи на унапредувањето на наставата преку примена на современи наставни техники, вмрежување, споделување искуства, како и врз професионалниот развој на секој наставник.