ОУ „Св.Климент Охридски“ доби ново осветлување
Училишниот двор, пристапот од страна на игралиштето и споменикот на Св. Климент Охридски од денес се со ново осветлување. Дотраените и неекономични светилки се заменети со лед кои што се штедливи, а целокупната инвестиција е финансирана од општина Охрид.
Претходно во училиштето беше замената старата и дотраена дограма со нова и енергетско ефикасна, а дополнително беше поставен под од ламинат. Во подрачното училиште во населба Даљан, деновиве беше извршена комплетна реконструкција на подот со поставување на нов ламинат, а во наредниот период се планира и промена на дограмата.