Ова лето сите (беа) во Охрид
Zucchero, Darren Emerson, Hernan Cattaneo, Nick Warren, Juan Atkins и Македонската Филхармонија, Jeff Mills, Dimitri Vegas and Like Mike, Deborah Luca, Roger Sanchez, Armin van Buuren, Shakta, Marko Nastic, Anja Schneider, Mihail Popoviciu, Eddie Richards…
Ова се само мал дел од имињата кои ова лето направија Охрид да биде вистински епицентар на забавата, далеку пошироко од државните граници. Врвните светски имиња се претставија во одлично светло пред публиката на најголемиот туристички центар во Република Македонија.
Во рамките на заедничкиот проект СИТЕ ВО ОХРИД, кој ги обединува сите овие настани под една капа.
Охридското жешко музичко лето, беше исполнето и со настапи на врвни музички имиња, изложби и драмски претстави во рамките на реномираниот фестивал „Охридско лето“.
Во градот под Самуиловата тврдина ова лето се бараше место повеќе, а одговорните од локалната самоуправа најавуваат новитети за следната сезона, а се прават планови и за активности и настани кои ќе се одржуваат во текот на целата година.
Традицијата која што започна да се гради годинини наназад со несмалено темпо продолжи и оваа година. Во таа традиција значително место зазема и електронската музика и дџ-ите. Од година во година, Охрид станува центар на збиднувањата од електорнската и денс сцена. Почнувајќи преку David Morales, Tomcraft, Talamaska, Skazi, Elektric Universe Paul Van Dyk, Carl Cox, Ritchie Hawtin, Sven Vath, Hardwell, Dante Klein, Kill the buzz, Afrojack, Black Coffee, James Zabiela, Dubfire, Ame, Fedde Legrand, Ferry Corsten, Kiril Dzajkovski, John Digweed, Erick Prydz, SUNNERY JAMES & RYAN MARCIANO, Terry Francis, James Zabiela, YOUSEF, Nicky Romero, артисти кои што оставиле значаен белег во позиционирањето на Охрид на европската мапа како туристичка дестинација со квалитетна понуда од електронската сцена.
Оваа година, Охрид ја достигна својата кулминација, со настап на преку 20 врвни музички артисти. Она што е значајно да се истакне е тоа дека настапот на сите артисти се одвиваше во текот на целата летна сезона, а со тоа се отвори можност бројот на посетители да биде значајно поголем.
Покрај овие настани, Охрид, ова лето може да се пофали и со голем број манифестации од друг музички жанр, како настапот на Цукеро, манифестацијата „Охридско лето“, настапите на македонските поп и рок ѕвезди, етно концерти, итн…
Оваа сезона според проценките, на музичките манифестации вкупно имаше повеќе од 70 000 посетители.