23/11/2024
Охрид

Овации за гимназијалските глумци во улога на Лица на Револуцијата

Талентираните драмски глумци од Гимназијата ОСУ „Свети Климент Охридски“ дел од настанот организиран од Општина Охрид во спомен-куќата на Христо Узунов, насловен како Лица на револуцијата: Изложба на необјавени портрети на македонски револуционери „Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии 1893-1934“.

Во драмско-сценскиот перформанс главните актери талентираните гимназијалци:

Наратор 1 – Константина Крежеска (IV-5),

Наратор 2 – Сара Петкоска (III-3),

Христо Узунов – Димитар Цацаноски (IV-2),

Mетодија Патчев – Ѓорѓи Целески (IV-6),

Кирил Прличев – Димитри Бимбилоски (III-2),

Иван Нелчин – Давид Целески (III-3),

под менторство на професорите м-р Перчо Божиновски и м-р Михаил Патчев.

Интерпретацијата на писмото од Христо Узунов до неговата мајка и приказот на настанот посветен на славното минато на Македонија и на најзначајните лица од тоа време предизвикаа овации и воодушевувања проследени со долготрајно ракоплескање кај публиката.

Продолжуваме да го негуваме и да го презентираме талентот на гимназијалците.


WebOhrid / 24.12.2023 / ОСУ „Свети Климент Охридски“