ОВР Струга со безбедносни мерки за манифестацијата Еордија-Литија во чест на празникот „Св. Ѓорѓија Победоносец“
Во пресрет на верската манифестација ЕОРДИЈА-ЛИТИЈА, што во чест на празникот „Св. Ѓорѓија Победоносец“ утре ќе се одржи во Струга, ОВР Струга ги презеде сите неопходни безбедносни мерки за непречено одвивање на црковната процесија.
За таа цел, на 04 мај 2023 година, во просториите на општина Струга, полициски службеници од ОВР Струга заедно со претставници на црквата „Св.Ѓорѓи“ во Струга, со градоначалникот Рамиз Мерко и други присутни од локалната самоуправа, одржаа работен состанок. Притоа, беа презентирани сет безбедносни мерки за физичко и соображајно обезбедување на настанот, што ќе ги спроведуваат полициските службеници по улиците и сообраќајниците низ градот и беше нагласена потребата од доследно и дисциплинирано придржување до истите од организаторите и сите црковни лица како и од присутните граѓани.
За време на одржувањето на литијата, во периодот од 16 до 19 часот, забрана за сообраќај ќе има на улиците „Пролетерски бригади“ и „15 корпус“ од каде, ќе се врши пренасочување на сообраќајот по другите улици. Истовремено, ќе се врши физичко покривање на поширокиот дел од црквата „Св.Ѓорѓи“ како и целокупната траса по која ќе се движи црковната процесија.
ОВР Струга апелира до верниците на достоинствено одбележување на овој црковно-верски настан и доследно придржување и почитување на насоките на полициските службеници.
WebOhrid / 06.05.2023 / ОВР Струга