26/11/2024
Охрид

Одржана шеесет и третата седница на Советот на Општина Охрид

Советот на Општина Охрид, денес ја одржа шеесет и третата седница, на која доминираа шестмесечните извештаи за работата на секторите и одделенијата на  општинската администрација, јавните претпријатија и основните и средните училишта.

Седницата беше надополнета со 8 точки, од кои најголем дел беа за обезбедување на комјутерска опрема за основните училишта.