Пад од две места за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа
Македонската фудбалска репрезентација и покрај двата нерешени пријателски натпревари против Финска и Азербејџан одиграни во Анталија забележа нов пад на најновата ФИФА рејтинг листа. По новиот пад од -2 места, Македонија моментално се наоѓа на 77 место.
Промени има и на врвот од ФИФА рејтинг листата, поточно на третото место каде се искачи Белгија, додека пак Германија и Бразил остануваат на прво и второ место.
Најголем скок минатиот месец забележа репрезентацијата на Киргистан со +40 места се искачи на 75 место, додека пак најголем пад забележа репрезентацијата на Хаити од -23 места која се најде на 108 место.
WebOhrid