22/11/2024
Охрид

Палмите во Охрид се отстрануваат по препорака од УНЕСКО

Во согласнот со препораката под реден број 19, која беше нотирана од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Сесија  41 COM 7B.34 ), Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески денеска издаде работен налог (Бр. 09-7197/1) до ЈП „Охридски Комуналец” за отстранување на палмите од потегот на кејот „Македонија” и на потегот од каналот „Студенчишта” до поранешен хотел „Парк”.

Службите на Јавното претпријатие веќе ги имаат започнато активностите на терен и информираат дека како замена за отстранетите палми ќе бидат засадени дрвја од видовите: јавор, јасен и ликвидамбер.