22/11/2024
Охрид

Паралелка со дуално образование по принципот на германскиот образовен систем ќе добие ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Денеска во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беа презентирани компаниите „ Костал„, ЛТХ – Лерница“ и „ОДВ- Електрик“ како  потенцијални фирми во кои идните кадри од овој образовен центар ќе можат  професионално да се  реализираат и усовршуваат.  На настанот присуствуваа советниците  при општина Охрид, Сашо Ставрески, Елеонора Куноска и Рената Арнаудова.

Пред  гостите , професорите и учениците беше промовирана и пилот паралелката  „Техничар за индустриска мехатроника“.

„Целта на овој проект е формирање паралелка со дуално образование. Истата ќе се формира на први септември учебната 2018/19 година и ќе брои 24 ученици. Учениците ќе учат по германски образовен систем односно 40 % од наставата ќе се одвива во компаниите партнери, „Костал“, „ОДВ- Електрик“ и „ЛТХ- Лерница“, а 60 % од наставата ќе биде теоретска и ќе се реализира во нашето училиште- вели директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, Сашо Недески.

На презентацијата беа присутни и претставници од делегацијата на Германското стопанство во Македонија кои се  координатори на проектот.