Парично казнети маркет и месарница во Охрид при редовен инспекциски надзор
При редовен инспекциски надзор, во Охрид, со 1400 евра (1000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице во правното лице) во денарска противвредност, казнет е маркет за пуштање во промет на небезбедна храна (сувомесни производи и мелено месо) кои биле без декларација и со поминат рок на употреба.
Заради неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените, во Охрид, парично казнета е и месарница.
WebOhrid / 13.12.2024 / АХВ