27/11/2024
Охрид

Пародија на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

ОК ВМРО – ДПМНЕ Охрид, испрати соопштение до медиумите, во кое стои:

„Администрацијата треба да биде најдобра, најтранспарентна и најуслужлива. Но, никако не треба таквата администрација да се злоупотреби за политички цели и собирање политички поени.

Ненавременото и неажурно функционирање на јавните претпријатија кое доведе до еколошка катастрофа во градот, сега сака да се надополни со еколошка акција спроведена во неработен ден, во сабота.

Апсурдно е кога се укинуваат сите денови каде што треба да се спроведат еколошки акции како што е Денот на екологијата, Денот на дрвото, Денот на еколошката акција на младите, присилно да се спроведуваат акции каде што вработените задолжително треба да се присутни.

Со вакви и слични акции каде што општинската администрација е присилена преку правење списоци во Локалната самоуправа не се покажува грижата за чист и еколошки Охрид. Токму оваа локација им беше посочена на градоначалникот Јован Стојаноски и директорот на ЈП ,,Комунналец” пред два месеца на седница на совет и не најдоа време да ја исчитат.

Затоа во иднина ќе бидеме приморани јавно да ги презентираме ваквите локации сѐ со цел да извршиме притисок тоа да го сторат.“ – стои во соопштението.