25/11/2024
Македонија

Партија на пензионери со силна поддршка на ставовите на Пендаровски

Владиниот коалициски партнер, Партијата на пензионери, се огласи со поддршка на ставот на претседателот на Северна Република Македонија, Стево Пендаровски дека нема правна држава ако се гонат само криминалци од претходната власт, односно ако пртавдата се спроведува селективно.

-Со тоа што Пендаровски побара сите споменати во аферата да дадат самоиницијативно изјави пред органите на прогонот,тој покажа дека е претседател на сите граѓани. Неговата изјава е оценуваме како коректна, државничка и неоптоварена со политички кфалификации, се вели во писменото соопштение.

Партијата на пензионери смета дека Пендаровски, со својата изјава, ќе ја врати вербата на нацијата дека остануваме на евро-атланскиот пат, но ќе придонесе и за зачувување на довербата на мегународната заедница, дека можеме да гарантираме правна држава е подеднакво владеење на правото.

-Пендаровски испрати позитивна порака кон мегународната заедница, во време кога очекуваме и официјално да станеме 30-та членка на НАТО и да ги започнеме пристапните преговори со ЕУ. Со тоа што се спротивстави на релативизирањето на големата афера, претседателот Пендаровски, застана на страната на целокупната јавност во земјата, која очекува брза разрешница, неселективна правда, еднаков аршин за сите инволвирани, без разлика на нивната партиска определба и позоиционираност во општеството – се додава во писменото соопштение на Партијата на пензионери.

Од таму додаваат дека го поддржуваат и залагањето на претседателот Пендаровски, на наредните парламентарни избори да се гласа по нова регулатива, со една изборна единица и отворени листи.

Партија на пензионери
Илија Николоски, претседател