22/11/2024
Македонија

Патот на успехот – прва книга за успешните Македонци во македонската дијаспора

Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија во соработка со Симона Ристевска, а со поддршка на Министерството за култура, како резултата на заедничката соработка во изминатите две години, ја изработија книгата „Патот на успехот”. Оваа книга е проект на Агенцијата за иселеништво и за прв пат е реализирана, во оваа институција.

„Патот на успехот” е промотивна книга за успешните Македонци во македонската дијаспора, кои во потрага по своја лична афирмација надвор од земјата на своето потекло, ја афирмираат и неа самата.

Во изминатите две години при работењето на овој проект, беше создадена книга на 130 страници, која содржи 39 интервјуа со истакнати и афирмирани Македонци во македонската дијаспора. Темелните и опсежните разговори, беа преточени во промотивни интервјуа, кои се светол пример за успешни и реализирани личности во средните на нивното живеење, како и патоказ и поттик за идни успешни млади генерации. Една од неколкуте цели за создавањето на „Патот на успехот”, e и промоција на успешните Македонците во матичната земја. Во овие 39 интервјуа се застапени разговори со познати македонски бизнисмени, уметници, доктори, правници, економисти, студенти, спортисти, 39 личности со сјајни и посебно мотивирачки приказни. „Патот на успехот” е галерија на успешни македонски иселеници.

Проектот „Патот на успехот” ќе продолжи и понатаму во иста или изменета форма, но ќе ја задржи главната цел, афирмација на Република Северна Македонија преку афирмација на нашите иселеници.